Во последните 24 часа се регистрирани 101 нов случај на Ковид-19, а направени 776 тестирања. По градови: Скопје-57, Тетово-19, Куманово-13, Штип-3, Битола и Ресен-2, Дебар, Струга, Велес, Охрид и Гостивар – по еден пациент.
Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти - 11 во Скопје, 10 во Тетово, 1 во Велес.
Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942.
Фото: Pixabay