X
 16.11.2018 Живот

Робин Вилијамс: Ќе имаш лоши периоди, но секогаш ќе те освестат за добрите работи на кои не си обрнувал внимание

На 11 август 2014 година светот остана шокиран кога откри дека го изгуби генијот Робин Вилијамс. Тој си го одзеде животот по долгата борба со депресијата, како и почетните фази на Паркинсоновата болест. Зад себе остави неверојатна кариера како стендап-комчар и како актер во незаборавни улоги во „Г-ѓа Даутфаер“, „Друштвото на мртви поети“, „Добриот Вил Хантинг“, „Добро утро, Виетнам“. Во продолжение се некои од неговите најмоќни цитати низ годините.

- Мислам дека најтажните луѓе секогаш најмногу се трудат да ги развеселат другите луѓе. Баш затоа што тие знаат како е да се чувствуваш безвредно и не сакаат тоа да го почувствува никој друг.

- Без оглед на тоа што велат луѓето, зборовите и идеите можат да го променат светот.

- Некогаш мислев дека најлошата работа во животот е да завршиш целосно сам. Не е. Најлошата работа во животот е да завршиш со луѓе покрај кои се чувствуваш како да си целосно сам.

- Ќе имаш лоши периоди, но секогаш ќе те освестат за добрите работи на кои не си обрнувал внимание.

- Дадена ти е само мала искра на лудило. Не смееш да ја изгубиш.

- Реалноста е само поткрепа за луѓето што не можат да се справат со дрогата.

- Ако сте во депресија, побарајте помош од некој. И запомнете, самоубиството е трајно решение за привремен проблем.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот