X
 30.03.2020 Здравје

Телефонска психолошка поддршка и за онколошките пациенти

Министерството за здравство информира дека активно продолжува психолошката поддршка и советување на онколошките пациенти и во периодот со справувањето на коронавирусот во нашата земја. Во соработка со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и Комората на психолози на Република Северна Македонија, пациентите можат во секое време да се јават на тројца психолози и доктор на следниве телефонски броеви за сите прашања, совети, препораки:


* 078/364-629 - Доктор од Клиниката е достапен секој ден во периодот од 10:00 до 12:00 часот;

* 070/233-453 - Претседателката на Комората на психолози Мирјана Јовановска-Стојановска е достапна за пациентите секој ден во периодот од 12:00 до 17:00 часот;


* 071/218-050 - Психологот Александра Стефановска е достапна за пациентите секој ден во периодот од 15:00 до 18:00 часот;

* 070/494-973 - Психологот Елена Ѓорѓевска е достапна за пациентите секој ден во периодот од 17:00 до 20:00 часот;

* Секоја среда во 18:00 часот преку Zoom се активира групата за психосоцијална поддршка за онколошките пациенти.

Министерството за здравство лани за првпат овозможи психолошка поддршка за онколошките пациенти - која претставува една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите. Правиме сѐ, пациентите подобро и побрзо да го надминат тој тежок период и во време на коронавирусот.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје