Првпат на пазарот „Македонски телеком“ воведува еСИМ – вградена електронска картичка, еволуција во СИМ-технологијата, која во иднина целосно ќе ги замени физичките СИМ-картички. еСИМ е нов начин на поврзување на уредите со мобилната мрежа и за разлика од стандардните СИМ-картички, кои треба физички да се постават во уредот, оваа нова технологија користи вграден електронски чип, што овозможува онлајн-активирање.
Развојот на еСИМ ќе влијае врз развојот на услуги во доменот на „Интернет на нештата“ и поврзаните уреди затоа што овозможува тие да работат независно од смартфоните, што досега не беше возможно. Ова ќе донесе нов начин на комуникација и полесно поврзување со смарт-часовници, велосипеди и други IoT уреди.
Освен технолошкиот и иновативниот, особено е важен и еколошкиот аспект, затоа што замената на пластичните картички и пакувања ќе придонесе за зачувување на животната средина.
За да се користи оваа технологија, потребен е уред кој ја поддржува, а во иднина бројот на вакви уреди сè повеќе ќе расте. еСИМ се активира едноставно, со скенирање QR-код, со што еСИМ-профилот се презема преку интернет, криптиран, за да се обезбеди највисоко ниво на сигурност. Сите постпејд-корисници на мобилната мрежа на Телеком кои имаат уред што поддржува eСИМ може да ја користат новата електронска картичка.
еСИМ е чекор напред кон целосна дигитализација и поврзување на уредите, но и еколошка иновација и се очекува во наредните години да стане глобален тренд во понудата на паметни уреди.
Повеќе информации на:
www.telekom.mk
(Комерцијална објава)