Членките на Македонската банкарска асоцијација информираат дека во моментот дел од услугите поврзани со картичните брендови „виза“ и „мастеркард“ се недостапни на банкомат или во трговија.
Од Македонската банкарска асоцијација соопштија дека како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.
- Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови „виза“ и „мастеркард“, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком-оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација, се наведува во соопштението од Македонската банкарска асоцијација.
Извор: МИА