X
 30.03.2021 Живот

Најадреналинските „виа ферата“ патеки во Европа не се за луѓе со слабо срце

Со синото небо над вашата глава, карпата веднаш до вас, а светот стотици метри под вас, „виа ферата“ не е за луѓе со слабо срце.

На некои луѓе доволни им се фотографии од луѓе што се искачуваат над длабоките бездни за да им предизвикаат немир и анксиозност. На други, адреналинот почнува да им се зголемува.

Додека феноменот на „виа ферата“, што на италијански значи „железна патека“, сега се шири низ целиот свет, „змиските“ патеки од метални скали, дрвени патеки, мостови со кабли и скалила потекнуваат од Првата светска војна.

Алпите биле голем фронт во конфликтот, па за да им се овозможи на италијанските трупи да се движат брзо и безбедно низ тешкиот терен, биле создадени серија метални патеки низ планините.

Денес, „виа ферата“ е активност по која лудуваат љубителите на авантурата и адреналинот. Но, не грижете се, цело време сте прицврстени на силен метален безбедносен кабел.

Италија



Доломитите се дом на оригиналната „виа ферета“, со над 600 различни железни патеки. Некои патеки се наоѓаат на 150 метри над земјата, додека други на 1.200 метри над земјата. А за да го добиете целосното искуство, треба да ги посетите и традиционалните „рифугиос“, малечки планински колиби каде што ќе можете да јадете, да преспиете и да се истуширате или едноставно да уживате и да ги впивате неверојатните алпски пејзажи.


Франција


Како и Италија, најдобрите „виа ферата“ се на Алпите, а најубавата патека е „Рошер ду Сент Џулиен“ во регионот Дром. Патеката е долга 1,6 километар и има вертикален пад од 288 метри.

Швајцарија


1.800 метри над земјата, долината Лаутбриун не е за секого, но видикот од скалите и мостовите на патеката Мурен е прилично неверојатен. Маршрутата од 2,2 километра ќе ви овозможи искуство со скали, тесни патеки со јажиња и зиплајн-жичница преку бездна. Како оваа патека се разликува од повеќето „виа ферета“? Со тоа што најголемиот дел од патот го поминувате спуштајќи се надолу наместо одејќи нагоре.


Словенија



Спектакуларните планински предели на Словенија се една од најдобро чуваните тајни во Европа. Додека повеќето луѓе одат на Алпите во Франција, Швајцарија и Италија за пешачење, скијање и искачување, Јулискипте Алпи во Словенија нудат недопрена убавина без метеж. Една од најпредизвикувачките и најпопуларните „виа ферета“ патеки е искачувањето на врвот на планината Триглав, што се наоѓа на 2.864 метри надморска височина.

Австрија


Додека Доломитите се сметаат дека се родното место на „виа ферета“, Австрија има над 900 вакви патеки што одговараат и за почетници и за професионалци. Со оглед на изобилството на планински области во Австрија, секоја има свои уникатни карактеристики.

Романија


Во Романија подоцна се појави „лудилото“ за виа ферата, но тоа не значи дека не нуди одлични адреналински патеки. Постои многу голем избор, вклучително и патеки во клисурата Расновава и клисурата Турда, клисурата Сугау.


Шпанија


Шпанија има 50 „виа ферата“ патеки, поголемиот дел на Пиринеите во Каталонија и ридовите на Андалузија. А најдоброто е тоа што речиси сите шпански патеки се наоѓаат во близина на поголемите градови вклучувајќи ги Барселона, Џирона и Малага.


Извор: Euronews.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот