X
 19.08.2022 Живот

НАСА ја претстави првата домородна Американка што ќе патува во вселената

Американската вселенска агенција НАСА ја претстави астронаутката Никол Аунапу Ман – првата домородна Американка што ќе патува во вселената.

Ман е полковник кај маринците, а му припаѓа на народот Вилацки. НАСА потврди дека таа ќе биде командант на мисијата „Кру-5“ на Меѓународната вселенска станица (МВС), која ќе се спроведе со ракета на „Спејс-икс“. Лансирањето е закажано за 29 септември, со шестмесечен престој.

Екипажот на мисијата ќе го сочинуваат и астронаутот на НАСА, Џош Касада, Јапонецот Коичи Ваката и Русинката Ана Кикина.

Инаку, Џон Херингтон од народот Чикаса се смета за првиот домороден Американец кој отишол во вселената, со вселенскиот брод „Ендивор“ во 2002 година.

За Ман, ова е историски миг. Таа верува дека нејзината мисија ќе ги „урне бариерите“ за децата староседелци кои не веруваат дека можат да станат астронаути.

Извор: МИА


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот