X
 30.03.2022 Живот

Фотограф направил неверојатно 8К видео од поларната светлина над Алјаска

Астрофотографот Винсент Ледвина е страстен ентузијаст за поларната светлина, фотограф и дипломиран физичар. За време на неговото последно патување тој снимил спектакуларно видео од поларната светлина во 8K во Форт Јукон, Алјаска.

Ледвина е дипломиран физичар на Универзитетот во Северна Дакота и неговата цел е да ја проучува поларната светлина и да стане вселенски метеоролошки прогнозер. Со природен интерес за природата, благодарение на неговиот татко, Ледвина почнал да ги фотографира семејните камперски авантури во текот на неговите тинејџерски години. Растејќи во Минесота, тој често ја гледал поларната светлина што дополнително го поттикнало неговиот интерес за астрономијата и универзумот, како што било неговото патување во Исланд кога наполнил 16 години и ја купил првата камера.

- Остатокот беше историја. Дел од мојата мисија со фотографијата и животот воопшто е да ги споделам работите за кои сум страстен со другите, а тоа важи и за поларната светлина - вели тој.

1
Фото: Vincent Ledvina

Тајмлепс-фотографијата сега е главен дел од работата на Ледвина бидејќи тој вели дека може да ѝ покаже на публиката какво е всушност чувството да се доживее ноќното небо.

- Ноќното небо се движи - не е неподвижно. Поларната светлина исто така не е статичен објект, па користењето тајмлепс-фотографија е најдобриот начин да се долови тој етеричен танц - вели фотографот.

polarna
Фото: Vincent Ledvina

Пред да отпатува во Форт Јукон за да ја сними поларната светлина, Ледвина ја посетил државата неколку пати, но секогаш се соочувал или со лошо време или со слаба поларна светлина. Овој пат Ледвина бил поканет да учествува во мисијата „Загуба преку микроизбувнување на поларната светлина“. Целта била да се тестира теоријата за тоа како се создаваат пулсирачките аурори - кои се појавуваат како трепкачки.

Бидејќи Форт Јукон се наоѓа над Арктичкиот Круг, Ледвина морал да остане таму три недели. Тој престојувал во станицата на воздухопловните сили надвор од градот и, за среќа, имало ведро небо 8 од 17 ноќи, што му дало можност да ја фотографира поларната светлина.



Извор: Petapixel.com
Фото: Vincent Ledvina/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот