X
 30.04.2017 Образование

Што значи да се биде интелектуалец?

Жан Пол Сартр во неговите предавања вели дека интелектуалци се оние луѓе кои се занимаваат со работи кои не ги засегаат, односно, јавните работи.


Фото: Pixabay

Филозофите, како што истакнува Платон во неговото дело „Држава“ се оние кои со задоволство ја вкусуваат секоја наука, со волјa да учат и кои се ненаситни за учење.

Во една емисија, професор д-р Жарко Пуховски, на прашањето кои се интелектуалците и каква е нивната одговорност на овие простори, тој вели: „Некои филозофи, писатели односно интелектуалци своевремено беа вклучени во воената машинерија на овие простори. Хрватите имаат еден изра, „драговољци“, што не е исто со доброволци бидејќи тие прават нешто со добра волја. „Драговољците“ може да бидат личности кои прават и лоши работи, но ги прават со драга волја.

Луѓето беа „драговољци“ за злобни работи на академиите, факултетите во весниците. Поединци тоа го сфатија и се повлекоа, некои побараа извинување, а други останаа на истото.

Другата група ги претставува оние кои молчејќи го набљудуваа тоа, сметајќи дека не ги засега. Кај нас постои еден погрешен „перверзен“ став - дека интелектуалците се оние кои во тишина пишуваат прекрасни песни, романи или филозофски расправи. Сартр вели дека интелектуалецот е оној кој се занимава со работи кои не го засегаат него, односно со јавните работи.

„Јас не сум интелектуалец ако велам дека мојата плата е мала - тогаш сум синдикалец. Интелектуалец сум кога зборувам за работи поради кои лично не сум загрозен“, вели професорот Пуховски.

Овие работи треба да им бидат јасни на сите, но дојде до тоа, најголемиот дел од значењето на зборот интелектуалец го занемаривме. Молчиме, или пак започнуваме да зборуваме тогаш кога е предоцна.

Автор: Жарко Пуховски
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование