Во Финска образованието е бесплатно за сите деца - учениците во
училиштата имаат бесплатни оброци, социјално и здравствено осигурување и
бесплатни учебници. Училиштата плаќаат за кампување, излети и театар.
Како
голема предност во финското образование се покажа и тоа што децата
немаат домашни задачи се` до не наполнат16 години, а тогаш го полагаат и
првиот стандардизиран тест. Паузите помеѓу секој час се 15 минути,
децата избираат изборни предмети според нивните интереси. Македонските
ученици во просек на училиште се околу 6-7 часа, а потоа уште 2-3 часа
поминуваат пишувајќи ги домашните задачи.
Според истражувањата,
финскиот систем е најдобар поради добрите наставници - сите имаат
магистратура и уживаат доста почит, додека во нашата земја и не е баш
така; најголемиот проблем е тоа што на нашите наставници им е врзана
слободата и нивната креативност.
Во Финска децата сакаат да одат
на училиште, и за нив тоа претставува задоволство, бидејќи наставникот
сака да работи бидејќи има слобода сам да го смисли предавањето.