По прераната смрт на славниот шведски диџеј Авичи, медиумите не прекинуваат да објавуваат детали од неговиот живот. Изјавата на фамилијата на Тим Берглинг предизвика смонежи кај многумина дека тој сам си пресудил.
Физички сцрпен, болен и зависен од алкохол, Авичи до 2016 година немал пауза. Заработувал и по 200.000 евра од настап, а ако се земе предвид фактот дека до 2016 година воопшто не земал пауза, може да се каже дека неговото богатство е огромно. Меѓутоа, парите воопшто не му биле важни на диџејот. Според пишувањата на медиумите, Авичи давал милиони долари за хуманитарни цели.
Така, Авичи во 2012 година донирал милион долари за американската организација „Feeding America“ и молчел за тоа цело време. Сепак, информацијата беше објавена благодарение на портпаролка, која сѐ кажа јавно и изјави дека Авичи бил голем хуманитарец. Во 2013 година славниот диџеј донирал повеќе од милион евра на шведската хуманитарна организација „Radiohjälpen“.
Фото: Instagram
-Дури кога почнав да заработувам огромни суми на пари сфатив дека не ми требаат. Кога заработувате толку пари кои не ви требаат, единствено нешто што е правилно и човечно е да ги дадете на оние на кои им требаат - изјави еднаш
Авичи.