X
 12.04.2019 Живот

Доби бонус од 962 милиони долари и реши да ги донира во хуманитарни цели

Основачот на „Шаоми“, Леи Џјун, добил „награда“ вредна повеќе од 962 милиони долари од сопствената компанија, која се занимава со производство на паметни телефони. Износот на бонусот е потврден и забележан во годишниот извештај на компанијата за 2018 година.

Од компанијата уште од претходно беше изразена намера Џјун да биде награден со бонус и акции за осумгодишната преданост на компанијата.

Леи вети дека по одбивањето на данокот износот ќе го донира во хуманитарни цели.

Уделот од 636,6 милиони акции во вторникот, откако вредноста на акциите порасна за еден отсто, вредеше 7,54 милијарди хонконшки долари (962 милиони долари).

Износот на бонусот е многу блиску до прикажаната годишна нето-заработка на компанијата од 1,3 милијарди долари.

Преносот на уделот акции е додаток на другите исплати на Леи, вклучувајќи ја и платата и дивидендите за кои не е познат точниот износ.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот