X
 29.11.2023 Живот

Поради грешка на благајникот, овој човек добил 390.000 долари на лотарија

60-годишниот Мајкл Сопеистал од Илионис може слободно да се заблагодари на случајната грешка на касиерот затоа што дошол до вистинско мало богатство.

Имено, на секои неколку недели тој вози до Мичиген за да јаде во својот омилен ресторан.

За време на тоа патување тој секогаш купувал ливче од лотаријата „Лаки фор лајф“. Еден ден, благајникот на бензинската пумпа згрешил, па случајно испечатил ливче со 10 линии за едно извлекување.

Случајната грешка не му претставувала некој проблем, па Мајкл му рекол дека сака да го купи билетот.

- Едно утро го проверив ливчето и видов дека освоив 25.000 долари годишно до крајот на животот. Веднаш почнав да размислувам што можам да направам со парите и дали сакам да го земам паушалниот износ или опцијата за аунитет. Чувството беше неверојатно - вели Мајкл.

Но, тој избрал еднократна паушална исплата од 390.000 долари, наместо 25.000 долари годишно.



Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/ABC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот