X
 17.10.2021 Живот

„Не е виновен работникот, туку лидерот“ - со овој став ја подобрил компанијата

Многу пораки што се појавуваат на паметните телефони на корисниците, кажувајќи им дека доставата на храна е на пат или дека убер-превозот што го резервирале е на врата - ги обезбедува технолошката компанија „Твилио“.

Џеф Лосон ја основал фирмата во 2008 година, која обезбедува услуги за 240.000 компании низ светот и има годишна продажба од над 2,5 милијарди долари.

Нејзините најголеми клиенти се, претпоставувате, „Деливеро“ и „Убер“.

Сепак, компанијата доживеа значителен пад во 2017 година кога „Убер“ објави дека ќе ги намали трошоците за „Твилио“. Лосон вели дека токму тоа искуство го научило многу, пред сѐ, лекциите што му значат како извршен директор.

- Тоа беше значаен фактор за инвеститорите. Нашите акции добија голем удар. Мислам дека паднаа за 40 отсто за еден ден - вели Лосон, кој понатаму наведува дека во тоа време бил во искушение да ги обвини вработените чија работа била да го убедат „Убер“ да продолжи да ги користи услугите на „Твилио“.

Наместо тоа, тој почнал процес што сега го нарекува „беспрекорна обдукција“ за да види дали се виновни системите на компанијата.

izvrsen direktor
Фото: Screenshot/YouTube

- Откривме дека вистинскиот проблем е што немавме доволно работници - рече тој истакнувајќи дека „Убер“ расте многу брзо и дека продавачот нема доволно време соодветно да се грижи за клиентот.

- Кога би имале поголем тим за продажба, тие би разговарале со „Убер“ многу почесто и би ги разбрале неговите проблеми со нашата услуга - истакна Лосон.

Наместо да отпушта, Лосон почна да вработува луѓе, така што ниту еден од вработените не бил дополнително оптоварен. „Твилио“ порасна за повеќе од петпати и има 5.500 вработени низ светот.

- Секој вработен ќе направи грешка. Тоа е неизбежно. Како лидери, ние мора да изградиме системи во кои грешките не се катастрофални. Ако сте создале систем во кој едно лице може да уништи цела компанија, тогаш вие, како лидер, сте виновни - наведува Лосон.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот