X
 08.11.2017 Живот

Наместо на земја, фарми за зеленчук во контејнери

„Локал рутс“ е бизнис во агрикултурата кој не поседува никакво земјиште. Наместо на земја, оваа компанија одгледува органски зеленчук во контејнери за испорака наречени „Тера фармс“. Секој контејнер е опремен со хидропонска фарма која може да создаде исто толку храна колку и 2 хектари традиционална фарма. Компанијата има мисија да креира цела мрежа на вакви фарми низ целата територија на САД, со цел на сите да им даде пристап до здрави и одржливи производи.

фото извор: Local Roots

Стручен тим ги контролира сите аспекти на компанијата, од дизајн и производство до секој аспект на ентериерот на контејнерите, пакувањето и доставувањето на набраните зеленчуци. Нивна работа е да се осигурат дека се работи за храна која не е генетички модифицирана и е целосно органска.

За разлика од големиот број други фарми што често користат хемикалии за да одгледуваат и одржуваат култури, оваа храна не е подложна на штетни хемикалии. Хидропонска фарма значи користење метод на одгледување кој вклучува употреба на вода богата со хранливи материи наместо од почва. Корените на растенијата се или целосно изложени на водата или се поддржани со порозен материјал како лабав чакал. Меѓу нивните клиенти е и компанијата „Спејс екс“ на Илон Маск.

Она што ја издвојува оваа компанија од традиционалните фарми е тоа што фармата може да биде лоцирана таму каде што се потрошувачите. На многу места во САД луѓето имаат ограничен пристап до евтина здрава и свежа храна поради недостиг во локалната индустрија. Храната до која имаат пристап е често скапа и не е свежа поради долгиот транспорт. Контејнерот за испорака „Тера фармс“ може да биде поставен во таканаречените „пустини за храна“ за да се затвори празнината помеѓу фармата и потрошувачот. Фармите не се само добри за потрошувачите, туку и за целата животна средина воопшто.

„Тера фармс“ се дизајнирани за да користат 97% помалку вода отколку традиционалните фарми, а ја даваат истата количина на храна. Компанијата бара начини за фармите да бидат сосема независни од снабдувањето со локална енергија преку адаптација на соларна или енергија од ветрови. Способноста на компанијата да креира иновативна технологија му го привлекла вниманието на Илон Маск, кој предложил токму оваа компанија да биде главниот снабдувач на храна за мисиите на Марс.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот