Експерти со кои разговарале новинари од „Њујорк тајмс“ изјавиле дека луѓето што се вакцинираат против Ковид-19 можеби го имаат вирусот без да ги развиваат симптомите и затоа би можеле да им го пренесат на други лица.
Вакцините против коронавирусот што беа
направени од „Модерна“ и „Фајзер“ имаат висока ефикасност во спречувањето на Ковид-19. Меѓутоа, сè уште не се знае дали некои луѓе што ќе ја примат вакцината го имаат вирусот без да развијат симптоми.
Овие лица би можеле да го шират коронавирусот доколку не носат маски и не ги почитуваат правилата за физичко дистанцирање. Доколку лицата што биле вакцинирани може да го шират вирусот, тогаш сите други луѓе се изложени на ризик.
Тестирањата на вакцините покажуваат дека тие се успешни во спречување на симптомите од болеста, но постои можност антителата да не се доволни за да се борат со вирусите во носот на вакцинираното лице, па затоа вирусите би можеле да се шират на други луѓе, велат експертите.
Многумина мислат дека кога ќе се вакцинираат, нема да мора да носат маски, но всушност за нив ќе биде клучно да продолжат да носат маски бидејќи може да го шират вирусот, вели специјалистот Микал Тал.
Извор:
entrepreneur.com