X
 18.05.2017 Технологија

Фотографиите на НАСА ќе ги променат вашите гледишта за војната

Фотографиите се направени од страна на тимови на Интернационалната вселенска станица, додека кружи околу Земјата.

1. Египет - Израел


фото извор: NASA

Двете земји, официјално се во војна од 1967 година, а имаат видлива граница од вселената во форма на 50-километарски пат.

2. Ирак - Иран

фото извор: NASA

Војната била најкрвава од 1980 до 1988 година, а биле изгубени илјадници животи. На фотографијата Ирак е лево, а Иран десно. Линиите кои се движат од лево кон десно се протегаат на 20 километри, а се работи за ѕидини кои биле изградени за време на војната.

3. Индија – Пакистан

фото извор: NASA

Жолтата линија ја одбележува границата помеѓу земјите, креирана кога се формирал Пакистан во 1947 година. На границата се протега речна долина „Indus River Valley“, која се смета за лулка на цивилизацијата.

4. Казакстан – Кина


фото извор: NASA

Двете земји не се во конфликт, но нивната граница најјасно се гледа од вселената. Кина е од десната страна, а Казакстан од левата. Зелените површини ги опишуваат земјоделските ситуации на двете земји. Во Кина има големи зелени површини кои се обработуваат за да се нахрани големото население во земјата. Во Казакстан има големи индустриски фарми, кои се остатоци од Советскиот период.

Целата архива на фотографии можете да ја погледнете овде.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија