X
 30.08.2019 Образование

Шеснаесет средношколци со образовни асистенти во новата учебна година

Град Скопје во новата учебна година ангажира 16 образовни асистенти што ќе работат со средношколци со посебни образовни потреби. Асистентите, кои се ангажираат во рамките на проектот „Поддршка на инклузијата во образовниот процес – унапредување на правата и можностите за ранливите категории граѓани во Град Скопје“, а кој е во соработка со Агенцијата за вработување и УНДП, ќе работат по четири часа дневно со учениците и ќе им помагаат во совладување на наставната материја и подобрување на успехот, соопшти денеска Град Скопје.

Услугата од асистентите е бесплатна за родителите кои дале согласност да се вклучат во проектот. Дел од средствата се обезбедени преку програмата Општинско – корисна работа, а дел се од буџетот на градот. Месечниот надомест за асистентите изнесува нето 9.000 денари, а за нив град Скопје обезбедува и бесплатен јавен превоз, кој ќе можат да го користат за време на ангажманот.

Фото: Град Скопје

Ангажирањето образовни асистенти во средните училишта е продолжување на праксата од минатата година кога Град Скопје првпат ја реализира таа активност.

- Потребата од повторно ангажирање стручен кадар кој ќе им помага на средношколците за време на наставата се должи на позитивното искуство од претходната година и постигнатиот успех на учениците што ја користеа услугата. Во таа насока, минатата година Град Скопје првпат додели награда за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузијата на ученичка од четврта година во гимназијата „Никола Карев“, која користеше услуга од образовен асистент и постигна одличен успех во последната година од образованието - се вели во соопштението.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование