Учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз ќе ги добијат билетите во матичните училишта, информира Јавното сообраќајно претпријатие –Скопје.
Учениците од повисоките одделенија, во случај да има потреба од нова електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат кој во било центар за персонализација на ЈСП Скопје.
Неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден. за изработка на картичката.
Средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз важат за сите линии (градски и приградски) во период од 5 до 24 часот, односно единствено не важат за користење ноќни линии.