X
 30.08.2021 Живот

Видео ја покажува штетата од ураганот „Ајда“ во САД за само еден час

Ураганот „Ајда“ во неделата ја погоди американската сојузна држава Луизијана, југозападно од Њу Орлеанс. Станува збор за ураган од 4. степен, објавиле од Националниот центар за урагани во Мајами. Ураганот бил придружен со ветрови со брзина од околу 240 километри на час кога го погодил брегот, по поминувањето на Мексиканскиот Залив.

Доколку ветровите достигнат ниво над 250 километри на час, „Ајда“ ќе се претвори во ураган од петта категорија. Ваквите урагани обично предизвикуваат катастрофални последици, а Националниот центар за урагани предупредил на можни поплави.

Последиците од ураганот веќе се забележуваат во регионот. Сигурносна камера во пожарникарна станица во Луизијана најдобро ги покажуваат овие последици.

Објавени се две видеа - едно пред ураганот и едно само еден час по доаѓањето на ураганот. Разликата помеѓу двете е огромна, а кадрите покажуваат улици кои биле поплавени за само еден час.



Извор: Avaz
Фото: Twitter (Screenshot)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот