X
 26.10.2017 Живот

Апокалипсата што сака да ја приреди Северна Кореја

Нема да се случи преку ноќ, но може да се случи. Нов извештај од американскиот Конгрес предупредува дека детонирањето на едно или на две нуклеарни оружја високо во атмосферата над Земјата, за неколку месеци и години, би довело до смрт на 90% од популацијата во светот. Општеството би пропаднало и законот не би се почитувал. А токму со тоа се заканува Северна Кореја.


Аналитичарите на нуклеарни оружја сметаат дека електромагнетниот пулс од нуклеарното оружје веднаш би предизвикал хаварија во целата земја. Целиот економски систем ќе пропадне, а колку што е поразвиена економијата, толку подраматичен ќе биде ефектот. 500.000 луѓе ќе бидат мртви за само неколку минути. Толкава е бројката на лица што се наоѓаат во авионскиот сообраќај во САД во кое било време. По ударот сите авиони би се срушиле, автомобилите би застанале, светлата би се исклучиле и компјутерите ќе престанат да функционираат. Тоа ќе биде почетокот на крајот и нацијата повторно ќе се врати во камена доба, сметаат експертите.

Некои експерти сметаат дека ова би било екстремна постапка на Северна Кореја. Проектилот треба да ја достави боевата глава недопрена, на точната надморска височина и на вистинското место, за да го има посакуваниот ефект. А Северна Кореја досега нема тестирано вакво нешто. Сепак, ако се случи такво нешто, паниката во САД би се раширила со брзина на светлината. Струја би имале само оние што би го преживеале ударот, во случај да имаат генератори. Ќе почне да исчезнува резервата со вода и храна од продавниците, а и возилата за транспорт нема да функционираат. За само неколку дена нуклеарните реактори ќе почнат да се топат бидејќи нивните контролни и безбедносни системи нема да работат. Електромагнетниот пулс помеѓу јоносферата и површината на Земјата, како соларна бура, ќе испумпа огромна количина на енергија во националната електрична мрежа. Со тоа може да се стопат илјадници трансформатори со висока волтажа.

Експертите исто така стравуваат дека таквата катастрофа би ја оневозможила способноста на светот да одговори. За една година, 90% од 300 милиони луѓе што живеат во САД може да бидат мртви. Ќе се рашират болести, а само малкумина би имале најмали шанси да преживеат.

Тестирања спроведени во изминатите децении како основа за стравовите од ваквите закани:

-    1962 година, нуклеарно тестирање на САД над Хавајските Острови
-    1961-1962 година, 6 нуклеарни тестови на Русија над Казахстан
-    30 години (1962-1992) подземни нуклеарни тестови на САД
-    Над 50 години тестирање на нуклеарни симулации.

Историски падови на електричната мрежа кои се идникатори за многу поголем настан:

-  Големиот пад на североистокот во 2003 кога 50 милиони луѓе останаа без струја цел ден, а се предизвика штета од 6 милијарди долари. Се случило кога електричната мрежа била оштетена од гранка од дрво.
-  1977 година, пад на електричната мрежа во Њујорк резултирал со апсење на 4.500 ограбувачи и повредени 550 полицајци. Падот бил предизвикан од молња.
-  Големиот пад на североистокот во 1965 година, кој се случил поради неправилно поставување заштитна линија на далновод.
-    Пад на електричната мрежа во Индија на 30-31 јули, 2012 година – најголемиот пад во историјата од кој биле погодени 670 милиони луѓе. Предизвикан од преоптоварување на електрична линија со висока волтажа.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот