Кинеската област Чангшан нуди стимулација за младенците во вредност од 126 евра, но само доколку невестата е помлада од 25 години.
Целта е да се поттикнат бракови и раѓање деца на соодветна возраст. Тоа е една од најновите мерки за поттикнување на младите да се венчаат.
Во известувањето, кое неодамна било објавено од областа Чангшан, се вели дека наградата е за поттикнување „брак и раѓање деца на соодветна возраст“. Се доделуваат и субвенции за згрижување на деца, плодност и образование за парови што имаат деца.
Во меѓувреме, кинеските власти се загрижени за првиот пад на населението во последните 60 години и се обидуваат да преземат мерки за зголемување на наталитетот, вклучувајќи финансиски стимулации и подобрување на капацитетите за згрижување деца.
Минималната возраст за брак во Кина е 22 години за мажите и 20 години за жените. Но, бројот на склучени бракови е намален во споредба со претходните години, што го намалува и наталитетот. Минатата година имало 800.000 бракови помалку отколку во 2021 година.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay