Повеќето од нас секое утро го преспиваат најздравиот момент од денот, помеѓу 5:30 и 7:00 часот. И не, ова не е уште еден текст кој ќе ве натера да се придржувате до војничка дисциплина. Ова е повик да го слушнете вашето тело, ритамот на природата и тоа што навистина ви годи.
Во овој ран период телото е во идеална фаза за активирање на хормоните кои го подигнуваат нивото на енергија, концентрацијата и расположението. Кортизолот, кој често се демонизира, тогаш работи за нас и ни помага да се разбудиме, да се чувствуваме подготвени и стабилни.
Сончевата светлина во овој период го стимулира производство на серотонин, хормон на среќата, и го регулира нашиот циркадијален ритам. Тоа значи подобар сон навечер, помалку нервоза во текот на денот и поголема ментална јасност.
Ако се будиме околу 8 или 9 часот, веќе задоцнето навлегуваме во денот. Телото веќе поминало низ своите природни циклуси, а ние го тераме да се вклопи во ритам кој не му годи. Резултатот? Замор, раздразливост и чувство дека денот нè „гази“.
Не мора да станете фанатик на раните утра. Доволно е постепено да го поместите будењето за 30 минути порано. Неколку практични совети:
- Легнувајте 15 минути порано секоја вечер;
- Исклучете ги екраните најмалку 30 минути пред спиење;
Утринската експозиција на природна светлина, дури и преку прозорците, го активира вашиот биолошки ритам.
Ова не е само трик за продуктивност, туку начин да се свртите кон себеси, да го започнете денот во мир, а не во трчање.
Како будењето пред 7 го менува текот на денот
Повеќето луѓе не се сметаат за утрински типови. Навикнати сме да се бориме со алармот, да го започнуваме денот во хаос и трка. Но, кога ќе го поместите будењето порано, на пример, околу 6:30, многу работи се менуваат.
Денот не започнува со стрес, туку со тишина. Имате време да земете здив и денот да започне со ваша контрола, а не контрола од надворешните барања.
Раното утро носи простор за размислување, рутина која не боли и чувство дека сте чекор пред обврските, а не дека тие ве гонат.
Не станува збор за трендови или продуктивност, туку за чувство да бидете присутни, да го водите денот и да имате време за себе пред светот да почне да го бара своето.
Извор:
Atvbl.rs
Фото: Freepik