Цените на авионските карти се менуваат секојдневно од повеќе причини, меѓу кои цената на горивото и побарувачката. Да се најде евтин лет може да биде предизвик. Така, доколку купите прерано може да платите повеќе. Чекајте повеќе и добивате сличен резултат. „Тајмингот“ е сè кога станува збор за авионските карти.
Агенцијата „Cheap Air“, која работи он-лајн, открива дека најчестото прашање кое го добива од потрошувачите е поврзано за времето кога е најдобро да се купи авионска карта. Секоја година, агенцијата подготвува извештај за да го даде одговорот.
Во 2014 година било пресметано дека најдоброто време за купување карта е 47 дена пред летот во границите на САД. Во 2013 година, се покажало дека најдоброто време е 54 дена пред летот. Во Европа, најдобро е да се купи карта 276 дена пред летот.
Во извештајот се пишува и за најдобриот период (наместо еден ден) за наоѓање евтини летови. За 2014, тоа е помеѓу 27 и 114 дена пред летот. Кога станува збор за меѓународните летови, најдоброто време е помеѓу еден и четири месеци пред летот.
Според регион
САД и Канада - 47 дена
Мексико - 251 дена
Карибите - 144 дена
Јужна Америка - 96 дена
Европа - 276 дена
Среден Исток - 213 дена
Африка - 262 дена
Азија - 318 дена
Јужен Пацифик - 244 дена.