Ворен Бафет е еден од најуспешните инвеститори во светот. Според него, постојат 12 фактори, односно финансиски одлуки кои ги прават луѓето посиромашни.
Занемарување на личниот развој
Доколку не се трошат пари за личен развој, односно ако се занемари личниот развој, се прави грешка. Бафет верува дека инвестирањето во себе е најдобрата инвестиција. Ова вклучува подобрување на вештините и образованието, а со тоа зголемување на изгледите за подобра заработка.
Потпирање на кредитна картичка
Непотребното трошење со кредитни картички може да доведе до долг што може да ги засени сите други финансиски придобивки. Овој проблем е дотолку поголем поради каматите на долговите.
Чести излегувања по барови
За Бафет, не е во ред често да има социјални активности кои вклучуваат пиење во барови. Тој е поборник за финансиски попристапни социјални собири, како што се куќните забави. Тој смета дека на овој начин може да се направи значителна заштеда.
Купување најнова технологија
Новите технолошки уреди можат да бидат примамливи, но исто толку добро служат и оние што се произведени претходно. Самиот Бафет има историја на поседување функционална, а не најнова технологија. Важно е да се оцени дали навистина вреди да се купи нов технолошки уред.
Прекумерно трошење на облека
Овој милијардер, како и повеќето други милијардери, има тенденција да се облекува едноставно. Тој избира класична, долготрајна гардероба наместо гардероба од скапи брендови.
Купување нови автомобили
Автомобилите се познати по нивната брза амортизација. Затоа советот на Бафет е да купувате половни автомобили и да ги чувате додека можете да ги возите.
Неискористено членство во фитнес-сала
Бафет поддржува активен животен стил, но предупредува дека неискористените членства во фитнес-сала имаат своја цена. Всушност, тој е поборник за бесплатни или евтини фитнес-рутини кои можат да бидат исто толку ефективни ако се практикуваат редовно.
Непотребни претплати
Претплатите, како што се претплатите на онлајн видеоуслуги, може да бидат голем финансиски одлив. Затоа, препорачува откажување на претплатата за услуги кои не се користат или од кои нема никаква корист.
Преголемо потпирање на производи за убавина
Бафет не е љубител на прекумерна употреба или непотребно комбинирање на производи за нега на кожата. И во оваа работа тој верува дека постојат едноставни и ефективни рутини кои можат да заштедат пари и да ја зачуваат кожата.
Обложување
Обложувањето може да биде краток пат до богатство, но веројатноста за тоа е мала. Бафет бара финансиски одлуки за долгорочно стекнување богатство, а не моментална возбуда.
Пушење
Пушењето цигари е скапа навика и јасно е дека откажувањето од пушење може значително да го зголеми вашиот личен буџет.
Извор:
Yahoo finance
Насловна фотографија:
Wikipedia