Наменски дизајнираните маички со лајтмотив – индивидуалната енергија како експресија низ теоријата на бои – симболизираше пропусница за пикникот, преку која семејството алкалоидовци и пријателите до денес донираа околу 2 милиона денари.
„Алкалоид“ АД Скопје ја продолжи хуманата мисија на 10. по ред донаторски хепенинг по неколкугодишна пауза која се должеше на пандемските ограничувања. Хуманитарниот пикник беше спроведен под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ во присуство на вработените, членовите на нивните семејства и/или нивни пријатели.
- Денес заокруживме значаен, 10. јубилеј на колективна солидарност на собирот кој прерасна во празник на хуманоста за сите алкалоидовци. Околу три илјади наши колеги и пријатели донираа средства преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“, кои ќе бидат наменети за СОС Детско село. Со оваа организација отпочнавме стратешка соработка во 2022 година со цел да ги олесниме тековните трошоци за децата под нивна закрила, едукативна поддршка, пристап до професионално советување и слично зашто секое дете заслужува посреќно и побезгрижно детство.
Директорката за обезбедување фондови и комуникации на СОС Детско село, Силвија Брајовиќ, истакна: „Со ’Алкалоид’ веќе три години нè поврзува едно прекрасно партнерство, кое не само што ја покажува нивната посветеност како компанија туку и искрената грижа за најранливите во нашата заедница – децата без родителска грижа. Донацијата претставува продолжување на трета година кумство и поддршка на едно згрижувачко семејство за тековни животни трошоци и развојни потреби на децата, кои добиваат не само материјална помош, туку и љубов, сигурност и припадност.“
Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село отпочна во 2022 година кога една од куќите на локалитетот во населба Ченто беше именувана во „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, се издвојуваше одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиона денари донирани на оваа организација. СОС Детско село во моментов се грижи за близу 500 деца и младинци во земјава кои се без родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Организацијата функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на згрижените деца.
Линк за донации
(Комерцијална објава)