X
 30.09.2024 Живот

Што крие Изводот од книгата на венчаните на Тито и Јованка?

Вдовицата на поранешниот претседател на Југославија, Јованка Броз, почина на 20 октомври 2013 година.

Животот на Јованка е поврзан со многу теории на заговор и додека била жива и по нејзината смрт, а особено се интересни деталите од Изводот од книгата на венчаните на Тито и Јованка.

Венчавката на Тито и Јованка долго време била обвиена во тајност. Кум на Тито на свадбата бил Лека Ранковиќ, а матичарот кој ги венчал го имал најчестото српско презиме.

Сепак, особено се интересни информациите за националноста и професијата на Броз.

Поминале 7 години откако Јосип Броз Тито и Јованка Будисављевиќ го кажале судбоносното „да“ на тајна венчавка во Илок, во вилата „Дунавка“. Една белградска веб-страница ги пренесува информациите од биографиите на Тито и Јованка, за кои тврди дека има официјален пристап.

На 15 април 1952 година, во Илок, била одржана тајна венчавка помеѓу 28-годишната Србинка Јованка Будисављевиќ и 60-годишниот Хрват Јосип Броз Тито. Овој брак бил склучен во целосна тајност и пред мал број луѓе. Матичар на свадбата бил извесен Момир Јовановиќ, кумови биле Александар Лека Ранковиќ и Иван Гошњак, а урбаната легенда вели дека кога мајката на Јованка слушнала дека таа се омажила за Тито, ѝ рекла: „Можеше да најдеш подобар, ќерко“ (ова никогаш не било потврдено, но приказната се пренесува од генерација на генерација).

Дека не се знае многу за венчавката на Тито и Јованка потврдува и музејскиот советник и кустос во Музејот на историјата на Југославија, Момо Цвијовиќ.

Според него, кога кустосите ја истражувале документацијата за изложбата „Големата илузија“, сфатиле дека Тито баш тој 15 април го гледал францускиот филм „Еден ден од животот на Лапонец“.

Интересни детали што можат да се забележат во Изводот од книгата на венчаните е тоа како Тито се изјаснувал и што бил по професија. Иако отсекогаш се сметало дека Тито по националност бил Југословен, а по професија бравар, венчаницата кажува нешто друго. Во полето националност кај Тито пишува Хрват, а што се однесува до професијата, на тоа поле не е впишан податок, а кај Јованка пишува капетан, службеник.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipieda
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот