X
 30.10.2022 Спорт

Мартин Саздов и неговиот тим го освоија Светското првенство во „Дота 2“

Македонецот Мартин Саздов - Сакса (Saksa) заедно со неговиот тим „Тундра еспортс“ го освои првото место на Светското првенство во видеоиграта „Дота 2“, објавено е на веб-страницата на видеоиграта.

Во финалето на првенството, тимот победил со 3:0 против тимот „Сикрет“.



Првенството се одржуваше од 15 до 30 октомври во Сингапур.



Според непрофитната организација „Јуроп хаус Струмица“, Сакса е првиот македонски професионален играч кој го освоил престижното првенство.



Извор: Facebook
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт