X
 25.06.2021 Спорт

Фудбалските коментатори во поранешна Југославија: Навивале наместо гледачите, се жалеле...

Додека го следиме Евроското фудбалско првенство накратко ќе отпатуваме во минатото и ќе се потсетиме каква атмосфера владеела меѓу навивачите и коментаторите на поранешна Југославија во текот на Светското фудбалско првенство во 1974 година. Дали југословенските ТВ-гледачи биле позадоволни со преносите на фудбалските утакмици од нас денес, пишува хрватскиот портал „Индекс“.
Некои веројатно се сеќаваат на Светското фудбалско првенство во 1974 година, кога играла и Југославија. За оние родени подоцна, „Индекс“ и „Југопапир“ објавија текст на критичар за коментаторите на фудбалските натпревари од ова првенство.

Меѓу другото, се пишува за хрватските коментатори Младен Делиќ и Борис Мутиќ и српскиот коментатор Владан Стојаковиќ, дел од доајените на тогашното југословенско коментаторство. Овие коментатори навиваат наместо гледачите и се жалат наместо да ја анализираат играта, пишува во текстот.

Но се пишува и за комични ситуации во кои гледачите гледале и виделе дека имало гол, а дури подоцна се слушнал гласот на „разбудениот“ коментатор кој се обидувал да звучи возбудено и да извести за веќе старата вест.


Фото: Младен Делиќ и Никола Пилиќ/Wikipedia

- Она што не можеме да им го заборавиме на нашите спортски коментатори и преку што не може да се помине е нивната незаузданост во зборувањето. Како да се на некои приватни и незадолжителни состаноци на кои може да се земе збор и никогаш да не се заврши приказната. Како тоа што го гледаат тие да не го гледаме и ние. Како ние да немаме поим што е фудбал и како тие да ни го откриваат. И во тоа брзо, неконтролирано зборување нормално е што се искраднуваат непростливи грешки, а не би имало (такви!) да не била направена основната грешка: што тие се толку „поучни“, што толку не затвораат уста! - пишува во текстот.


Фото: Репрезентација на Југославија во 1982/Wikipedia

Во текстот се пишува и за рекламите што биле прикажувани за време на преносот на првенството. Тие биле прикажувани во важни моменти за време на преносот, како тогаш кога излегувале играчите на теренот. Квалитетот на рекламите не бил на високо ниво, исто така, стои во текстот.

Извор: Index
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт