X
 15.01.2023 Технологија

Европски град преку „Мајнкрафт“ ги вклучува младите во урбаното планирање

Во урбаното планирање се користат многу алатки, а една од нив може да биде и играта „Мајнкрафт“. Главниот град на Латвија ги поттикнува младите да се запознаат со градот и потенцијално да учествуваат во урбанистичкото планирање преку „Мајнкрафт“.

Минатата година Рига се обиде да ги вклучи сите жители во водењето и во активностите во градот. Една креативна иницијатива беше да се ангажираат повеќе млади луѓе во урбанистичкото планирање и тоа преку популарната видеоигра „Мајнкрафт“.

Градот спровел два пилот-проекти за да ги тестира начините на кои може да се искористи видеоиграта за младите подобро да се запознаат со историјата и архитектурата во градот.

„Мајнкрафт“ овозможува дизајнирање, градење и истражување, додека образовното издание на видеоиграта, кое им е достапно на сите ученици во Рига, овозможува создавање „дигитални училници“ во кои може да се создава разна содржина. Возможно е создавање содржини за историјата, урбаните предизвици како климатските промени и многу повеќе.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија