На крајот од годината сите природно се потсетуваме на годината што ни изминува, се мислиме што сме направиле убаво, што не, а обично расте надежта дека ќе нѐ очекува подобра година. За Македонија беше година на големи предизвици. Со политика не можеме да се пофалиме, но со успеси во културата годинава, сигурно многу.
- Секоја посветеност вродува со плод. Беше ова многу убава година за мене. Издавачкиот центар „Три“ го одбележа својот 20-годишен јубилеј. Тоа се дваесет години непрекинат раст, ширење на светлината, создавање библиотеки од невидени размери. Јас го објавив мојот петти роман „Вилино“. Живеам во љубов и хармонија со себеси и другите. Зарем може човек повеќе да посака? Нека се множат вакви години, за сите. (Винка Саздова)