Ординација во Северна Англија по грешка на своите пациенти им испратила порака со известување за рак на белите дробови и со метастази наместо новогодишна честитка, објави денеска британски „Сан“.
Имено, пациентите на ординација во Аскерн, близу Донкастер, добиле СМС-пораки со дијагноза за рак и формулар, со „Ви благодарам!“ на крајот. По околу 10 минути добиле порака: „Претходната порака Ви е испратена по грешка. Нашата порака требаше да гласи: Ви посакуваме Среќен Божиќ и Нова година!“
Многу пациенти ја фотографирале погрешната порака и ја споделиле на својот интернет-простор.
Крис Рид за британското списание изјави дека по вознемирувачката порака се обидел и да ги повика лекарите, но линијата била зафатена. На крајот отишол во ординацијата каде што лекарите му рекле дека тој, всушност, нема рак.
Извор: МИА