X
 05.07.2022 Здравје

Лицата што се лекуваат од рак не сакаат помош по секоја цена, еве што им пречи

Дијагнозата за рак од корен го менува животот на пациентот и на неговите најблиски. Многумина се затвораат во себе и имаат тешкотии да ги споделат емоциите со најблиските. Во овие ситуации е битно да се следат знаци на невербална комуникација која може да укажува на потребите на личноста.

Каква помош да се понуди?

„Кажи ми како може да помогнам“ е реченица која звучи убаво, но често може да биде дополнителен товар за пациентот. Наместо ова прашање, експертите препорачуваат да поставите конкретни прашања како: „Дали сакаш следниот пат заедно да одиме на лекар?“


Фото: Pixabay

Кога некој има сериозна болест како што е ракот, можеби не сака директно да побара помош, но ќе му значи секоја помош што ќе му го олесни искуството. Хемотерапијата може да потрае и секогаш е добро да се понуди превоз по третманот.

Што кога не знаете што да кажете? 

И тогаш кога не знаете што да кажете, треба да запомните дека дури и најкратките пораки имаат длабоко значење. Разговарајте за книга што сте ја прочитале или филм што сте го гледале. Блиската личност што се лекува од рак ќе се израдува на добри вести.

Освен тоа, не заборавајте да се најавите пред посетата на пациентот бидејќи дијагнозата бара голема организација секој ден. За време на терапиите, физичката и ментална енергија на пациентот може да се менуваат повеќепати во денот.

Не претерувајте со комплименти

Комплиментите се прифатливи, но не правете претстава од изгледот на пациентот. Имајте на ум дека колку и да се трудите да помогнете, никогаш не можете да знаете како е да се биде во негова кожа.

На пациентите некогаш повеќе им значи искрената прегратка отколку 1.000 најмудри зборови. Во некои случаи е важно да ја следите личноста за време на лекувањето и да ѝ понудите поддршка.

Извор: Eklinika
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје