X
 14.06.2019 Здравје

Зошто навреме треба да се открие воспалението на средното уво со излив, објаснува д-р Борислав Гогушевски од „Жан Митрев“

Воспаление на средното уво со излив или секреторниот отит претставува патолошка состојба на средното уво зад интактно (неоштетено) ушно тапанче, без симптоми и знаци на акутна инфламација. Повеќе од 80% од децата од предучилишна возраст поминуваат низ најмалку една епизода на секреторен отит, а најзасегната е возрасната група на деца од 3 до 6 години.
-Навремената и прецизна дијагноза на секреторниот отит го зголемува терапискиот простор кој и покрај дадените насоки според дефинирани прирачници треба да биде адаптиран на секој пациент и наодите добиени од дијагностичките процедури. На тој начин значително се намалува ризикот од појава на компликации, ризикот од оштетување на слухот и потешкотии во развој на говорот - вели прим. д-р Борислав Гогушевски, оториноларинголог во клиничката болница „Жан Митрев“.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје