X
 30.12.2023 Наука

Бактериите се способни за чување и пренесување информации

Научниците откриле дека бактериите имаат нешто слично на меморија за создавање стратегии која може да предизвика опасни инфекции кај луѓето, како отпорност на антибиотици и други проблеми.

Откритието покажува дека клетките на бактериите може да користат чест хемиски елемент за да формираат и да пренесуваат информации на следните генерации.

Истражувачите на Универзитетот во Тексас, Остон, откриле дека бактеријата ешерихија коли ги користи нивоата на железо за да чува информации за различни однесувања кои потоа може да се активираат како реакција на одреден стимул.

Бактериите немаат неврони, синапси или нервни системи, па кои било информации што се чуваат не се како оние кај луѓето. Тие повеќе наликуваат на информации зачувани на компјутер.

- Бактериите немаат мозок, но можат да соберат информации од нивната околина и ако често се среќаваат со таа средина, можат да ги складираат тие информации и брзо да пристапат до нив подоцна - објаснува главниот истражувач Сувик Бхатачарја.

Извор: Phys
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука