X
 20.10.2023 Здравје

Откриени нови ветувачки третмани за рак на простата

Група истражувачи откриле два нови третмани за рак на простатата. Двата третмани им помогнале на учесниците во тестирањата да живеат подолго без болеста да напредува.

- Во истражувањето, двете нови опции ги подобриле шансите за преживување без метастаза додека бил зачуван квалитетот на животот - вели Стивен Фридленд, главен автор на истражувањето за третманите.

Ракот на простатата некогаш не бара третман бидејќи напредува споро, но оние со поагресивна форма на ракот често подлежат на операција или терапија со радијација. За жал, ракот се враќа во првите 10 години кај околу една третина од пациентите. Во новото истражување, биле тестирани два експериментални третмани на 1.068 пациенти од 17 земји.

Една третина од пациентите примале терапија со депривација на андрогени и лек наречен ензалутамид, кој ги блокира ефектите на тестостерон врз клетките на ракот. Втората третина од пациентите го примале само лекот, а последната група ја примала само терапијата со депривација на андрогени, која моментално е стандарден третман.

Било откриено дека комбинацијата од терапија и лек го намалила ризикот од метастаза и смрт за 58 отсто повеќе отколку само терапијата. Освен тоа, лекот, кога се зема без терапијата, го намалува ризикот од метастаза и смрт за 37 отсто повеќе во однос на третманите кои ја вклучуваат само терапијата. Двете групи кои го земале лекот, без разлика дали ја примале и терапијата, го задржиле квалитетот на животот.

Фридленд заклучува дека комбинацијата на терапија и лек дава најдобри резултати во намалувањето на ризик од смрт од рак на простата.

Извор: Science daily
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје