„Средовечната криза започнува во 40-тите, кога ќе погледнете кон Вашиот живот и ќе се запрашате: „Дали е тоа сѐ?“, а завршува околу 10 години подоцна кога повторно ќе погледнете на животот и ќе помислите: „Всушност, ова е многу добро“ - Доналд Ричи.
Животот може да биде многу тежок, да приреди многу тешки моменти со кои е неизбежно да се справите, да Ви понуди да надминете многу предизвици, да Ве исфрли од контрола или да Ве заборави или порази.
Средовечната
криза е време на промена и на емотивно, и на психолошко и физичко поле. Прочитајте за знаци на средовечна криза, препознајте ги и реагирајте на време:
Паника за проблеми со здравјето: нормално е како што стареете да обрнувате повеќе внимание на проблемите со здравјето. Затоа, добро е ако порано почнете да се грижите за него.
Се споредувате со пријатели или врсници: кога се мерат успесите и достигнувањата со блиските или познатите најдобро може да се оцените себе си и ова може да влијае позитивно или негативно на Вас зависно од оценките што сте си ги дале.
Борба со депресија или слични симптоми: некои луѓе во овие години доживуваат криза на идентитетот, што може да ја смени хемијата на мозокот, а ова може да резултира со депресија или слични симптоми.
Повеќе се размислува за смртта или смислата на животот: колку и да сте размислувале во текот на животот претходно на оваа тема, таа е потенцирана во овие години затоа што сте поблиску до смртта.
Поголемо себе-вреднување: во овој период кога се споредувате со другите може да се случи да се запрашате и колку Вашиот вистински потенцијал е искористен, каде сте згрешиле, каде сте успеале и дали има време нешто да промените.
Некој Ви кажал дека имате средовечна криза: понекогаш перцепцијата на другите е многу повистинита од сопствената. Луѓето што се соочуваат со кризата се често повредени, изгубени и бараат одговори.
Како да се справите со средовечната криза? Обидете се да живеете во моментот и соочете се со фактот дека станува збор за период што ќе помине.