Секој што е заглавен во изолација со текот на времето ќе се соочи со досадата. Затоа ова е совршен период да гледате серии. Сепак, ако сте обожавател на добри серии, големи се шансите повеќе да немате што да гледате.
За среќа, Јуре Товрљан, словенечки графички дизајнер, има одличен предлог. Тој ги охрабрува луѓето од цел свет повторно да ги гледаат најпопуларните ТВ-серии. Сигурно поминале години откако сте ги гледале.
Но, што ако популарните ТВ-серии се снимале за време на пандемијата? Еве како би изгледале нивните постери.
„Домашната канцеларија“
„Симптомите - Хомер сладок Хомер“
„Пријатели“ - овозможено од „Скајп“
„Бејкинг Бред - Брејкинг Бед“
„Игра на тронови - кадифениот трон“
„Како ја запознав мајка ви - на „Тиндер“
„Бегство од затворот - од некои затвори не треба да се бега“
„Живи мртовци - борете се со глувите, плашете се од живите“