X
 31.03.2023 Забава

Колумбија ќе плати 3,5 милиони долари за да се ослободи од нилските коњи на Пабло Ескобар

Колумбија ќе плати 3,5 милиони долари за да ги префрли 70. нилски коњи на починатиот нарко-дилер Пабло Ескобар во странски резервати.

Ескобар донел мал број од животните од Африка во Колумбија во доцните 80-ти години. Меѓутоа, по неговата смрт во 1993 година животните биле оставени во топол предел од Колумбија каде што властите неуспешно се обидувале да го намалат нивното размножување.

Властите сега планираат да пренесат околу 70 од животните, што претставува околу половина од вкупниот број, во резервати во Мексико и во Индија. Сето тоа ќе чини околу 3,5 милиони долари.

Нилските коњи избегале од домот на Ескобар по неговата смрт, па затоа на властите им било тешко да го контролираат нивното размножување. Во 2009 година имало обид за нивно убивање, но активноста била стопирана поради реакции од јавноста. Во тек е и програма за стерилизација, но нилските коњи се размножуваат побрзо отколку што властите може да ги најдат и кастрираат.

Од само четири нилски коњи кои избегале од домот на Ескобар, сега има околу 130. Во регионот во кој живеат нема природни предатори кои ќе ја контролираат нивната популација. Овие животни го оштетуваат екосистемот во реката Магдалена. Една студија проценила дека до 2034 година би можело да има 1.400 нилски коњи во регионот. 

Извор: The guardian
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава