X
 17.08.2018 Култура

Следното лето градот Палмира ќе биде подготвен да прима туристи

Сирискиот град Палмира ќе биде подготвен да прими туристи следното лето, соопшти гувернерот на провинцијата Хомс, Таљаљ Барази.

- Сега властите имаат проект за обнова на целокупната штета во стариот град Палмира. Исто така, имаме предлози од светските држави за обновување на артефактите и историските вредности на Палмира. Претпоставувам дека до летото 2019 година Палмира ќе биде целосно подготвен за прием на туристи - рече Барази.

Според него, помош понудиле УНЕСКО, Русија, Полска, Италија и други земји и установи, како и европски невладини организации.

- Тоа е светска историја и таа не ѝ припаѓа само на Сирија - додаде Барази.

Тој истакна и дека оваа година ќе почне реставрацијата на историскиот центар на сирискиот град Хомс, кој беше уништен од страна на терористите. Барази потсети дека центарот на Хомс до мај 2014 година беше во рацете на терористите.

- На 10 мај 2014 година тие го напуштија градот и зад себе оставија огромна штета. По повлекувањето на терористите им дозволивме на цивилите што ги напуштија своите домови да се вратат во стариот град. Сириските власти веднаш обезбедија надоместок во износ од 40 отсто од штетата што ја нанесоа терористите - рече Барази.

Во центарот на стариот град има 13 цркви, а една од нив е изградена во 51. година. Главната џамија во градот е Ел Кабир.

Пред три години почна реставрацијата на Централниот пазар во стариот Хомс, основан пред повеќе од две илјади години.

- Неговата реставрација ќе биде завршена во мај 2019 година. Трговците и бизнисмените се вратија овде пред две години. Претпоставуваме дека ќе се вратат повеќе од 4.000 трговци - истакна Барази.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура