X
 31.05.2022 Живот

Евтини бункери на продажба: 2.000 евра за 11 квадрати

Чехословачка некогаш направила илјадници бункери за да се спротивстави на нацистичка Германија.

Денес, овие бункери не се користат за ништо и се на продажба. Секако, со малку имагинација, може да се направи чудо.

Чешките новинари во четвртокот се собраа околу Андор Шандор, поранешен шеф на разузнавачката служба, денес претприемач во безбедносниот сектор. Тој најави дека ќе зборува за важни безбедносни предизвици за земјата.

Сите новинари беа изненадени кога тој почна да дели брошури за продавање бункери. Сликата на брошурата прикажува семејство во подземен бункер, додека торнадо или тенкови ги унишуваат куќите горе.

Иако изгледа чудно, побарувачката за бункери се зголеми по почетокот на воениот конфликт во Украина и приказната за можен напад со атомска бомба. Во Чешка граѓаните имаат избор, и со малку среќа и малку пари можат да купат вистински воен бункер.

Аукција за бункери

Милан Крулих од Министерството за одбрана е задолжен за продажба на бункерите. Со други зборови, овој човек управува со 1.500 воени бункери и тоа само во регионот на Северна Бохемија. Моментално тој продава два бункера кои некогаш требало да ја штитат локалната железница. Денес наместо железница, има велосипедска патека.

Во текот на 30-тите години, поради страв од Хитлеровата Германија, Чехословачка изградила двојна одбранбена линија на лесни утврдувања. За само две години биле изградени 9.000 бункери, со површина од само неколку квадратни метри. Бункерите не помогнале многу, а подоцна не се користеле за ништо.

bunker
Фото: Deutsche Welle

Денес, повеќето се полни со ѓубре и обраснати со плевел. Но, бункерот лесно се чисти ако е солидно направен. Така, сега овие бункери ги нуди Крулих. Иако металните врати се уништени, ѕидовите се во добра состојба. 11 квадрати со велосипедска патека - почетна понуда 2.000 евра.

Бункер како хотел


Малите бункери често ги купуваат љубителите на воената индустрија или здруженија кои се занимаваат со локална историја. Често убаво ги украсуваат и ги претвораат во мали музеи.

Но, постојат и луѓе како Ричард Матус. Тој досега купил и претворил пет мали бункери во еднособни апартмани.

Гостите што престојуваат во неговите пансиони велат дека се задоволни. Има струја преку соларни панели, греење на гас, фрижидер, па дури и телевизор поврзан на интернет.

Извор: Deutsche Welle
Фото: Deutsche Welle
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот