Кинеска компанија планира да произведува хиперсонични авиони што ќе може да летаат од Пекинг до Њујорк за само еден час. Дизајнот на овие авиони дозволува да развиваат брзини од 11.000 километри на час.
Научниците очекуваат тестирањето да започне следната година, а новите авиони да се користат до крајот на деценијата. Новиот вид авион се развива од страна на „Спејс транспортејшн“.
Компанијата објавила
видео на својата веб-страница во кое се прикажува како би работел авионот.
Според компанијата, се развива ракета со крилја за брз транспорт која ќе чини помалку од ракетите што носат сателити и ќе биде побрза од обичните авиони.
Извор:
News
Фото: Pixabay