X
 23.08.2018 Технологија

Сѐ што треба да знаете за носењето лаптоп во авион

Преносниот компјутер може да биде многу корисен во текот на летањето со авион, особено ако тоа трае многу долго. Би можеле да го користите за да завршите некоја работа или да се забавувате со филмови, серии, игри итн. Еве што треба да знаете за лаптопите во авионите.

Дали смеете да носите лаптоп во авион?

Секако. Но, има неколку работи за кои треба да водите сметка.

Кога смеете да го користите лаптопот?

Како и сите други електронски уреди, лаптопот мора да биде исклучен при полетувањето и при слетувањето. Ќе мора и да го извадите од торбата и заштитната футрола при безбедносните проверки пред да се качите во авионот.

Можете ли да го спакувате лаптопот во багажот и да се чекирате?

Да, можете. Но, мора да биде целосно исклучен.

Што е со батериите, резервните батерии и надворешните батерии?

Литиумските батерии можат или не можат да патуваат со вас во авионот, зависно од низа фактори, па најдобро е да проверите какви правила важат во државата од која полетувате и во онаа во која слетувате.

Општо, резервните батерии што сакате да ги понесете со себе мора да ги заштитите од краток спој (да речеме така што ќе ги спакувате во одделна торбичка). Истото важи и за надворешните батерии.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија