X
 31.05.2023 Живот

Овие компании им ги плаќаат одморите на работниците

Во 2022 година просечниот американски работник имал 11 часа одмор. Барем така покажува новиот извештај на „Експедија“, кој предупредува дека Американците страдаат од „лишување од одмор“.

Претходно оваа година платформата за планирање патувања анкетирала 14.527 луѓе во повеќе од 10 земји, вклучувајќи ги Франција, Мексико и Канада. Анализата покажала дека испитаниците во САД земале помалку слободни денови од работниците во која било друга земја.

Луѓето наведуваат дека инфлацијата, недостигот на кадар и пополнетиот распоред се најголемите пречки за да се земе слободно време.

Сепак, платеното слободно време е барана придобивка меѓу работниците во САД, при што 62 отсто велат дека им е исклучително важно да имаат работа што нуди одмор и слободни денови, вели истражувачкиот центар „Пју“.

За да се спречи исцрпеноста и да се задржат вработените, некои компании одат чекор подалеку и им ги плаќаат трошоците за одморите на нивните вработени.

Ако барате флексибилна работа што ќе ви овозможи да работите од далечина и ќе ви помогне да си дозволите да патувате повеќе, овие шест компании нудат одлични можности и им ги плаќаат одморите на вработените.

1. „Ербиенби“

Вработените добиваат 2.000 долари кредит за патување секоја година, а може да се користи и резервација за престој од самата платформа на „Ербиенби“.

2. „Бамбу-ејч-ар“

Како дел од политиката за платен одмор на фирмата, „Бамбу-Ејч-ар“ на вработените им нуди годишна стипендија од 2.000 долари за покривање на трошоците за одмор, како авионски билети и хотелски соби.

3. „Календли“

Вработените добиваат 1.000 долари што можат да ги искористат за хотели, летови или изнајмување автомобили.

4. „Трти Медисон“

Вработените имаат право на годишна стипендија од 750 долари, почнувајќи од првиот ден на работа, но условот е да одат на одмор најмалку пет дена.

5. „Трипадвајзор“

Оваа компанија им надоместува на вработените за лично патување. Износот зависи од тоа колку време сте во компанијата.

6. „Фило“

Оваа стриминг-платформа на вработените им нуди неограничено слободно време и бонус за годишен одмор од 2.000 долари.

Извор: CNBC
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот