X
 13.11.2022 Живот

Експерт советува - не правете ништо 6 минути дневно

Многу обврски и активности на факултет и дома, домашни обврски, семејство, пријатели, купување намирници, вежбање, домашни миленици - сето ова го окупира нашето време и внимание и се доведуваме до ситуација да немаме слободно време.

Лаура Вандеркам, експерт за управување со време, неодамна напиша текст во кој советува како бидете смирени и покрај метежот, стресот и брзината на животот. Таа смета дека треба да се прават по три кратки паузи секој ден - физичка, духовна и социјална.

Меѓутоа, постои и вид пауза која нема име, а тоа е импровизираната пауза во текот на денот која овозможува да се ослободиме од сите притисоци што ги доживуваме. Тогаш правиме „рестарт“ на мозокот. За оваа импровизирана пауза треба да издвоиме само шест минути дневно.

Во текот на оваа пауза треба да се обидете да не правите ништо. Може да гледате во една точка или да ги затворите очите и да медитирате. Може да гледате низ прозорецот или некаде во далечина.

Целта е да се оттргнете од работната маса или обврските и да се изолирате од вревата и луѓето за да се опуштите.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот