Летото дојде, а со тоа и летните горештини кои бараат да се справиме со нив на најразличен начин. Дијабетесот како хронична, ендокринолошка болест дополнително влијае и го отежнува вашето летно секојдневие. Како да се справите со високите температури?
•
Пијте многу вода за да не дехидрирате - дури и ако не сте жедни. Недоволно внесувањето на течности предизвикува покачување на шеќерот во крвта, а високиот шеќер во крвта предизвикува почесто уринирање – што доведува до дехидрација на телото. Избегнувајте алкохол и пијалаци со кофеин, како кафе и енергетски или спортски пијалаци. Тие може да доведат до загуба на вода во организмот.
•
Носете лесна облека со светли бои. Не одите боси, дури и на плажа или базен.
•
Седете во климатизирана или ладна просторија. Високите температури можат да го сменат начинот на кој вашето тело го користи инсулинот. Можеби ќе треба да го тестирате шеќерот во крвта почесто и да ја прилагодите дозата на инсулин.
•
Правилна исхрана – половина лек! Не постои кујна за дијабетичари. Потребна е само правилна прераспределба и комбинација на состојки по количина и вид. Организмот треба да биде снабден со оптимален внес на хранливи материи, јаглехидрати, протеини, масти, витамини, минерали и вода, што значи разновидна исхрана. Препорачливо е дневно да се земаат 5 до 6 оброци во одредени временски интервали со задолжително водење сметка за правилен распоред на скробната храна. Особено е важен последниот дневен оброк, кој се зема непосредно пред спиење за да се оневозможи пад на нивото на шеќерот во текот на ноќта.
•
Бидете физички активни, бенефитите се огромни! Физичка активност ја зголемува способност на клетките на телото полесно да се поврзат со инсулин. Овозможува контрола на телесната маса и согорување на калории. Влијае на редуцирање на високиот крвен притисок, холестеролот, стресот, а со тоа и нивото на глукоза. Кај болните со дијабтес 2 може да ја намали и конзумацијата на лекарства. Пред да вежбате, секако консултирајте се со вашиот ендокринолог!
•
Не заборавајте ги вашите очила за сонце! Сонцето е способно да ја „изгори“ површината на окото, предизвикувајќи болна состојба на окото наречена фотокератитис или болна состојба на окото предизвикана од преголема изложеност на ултравиолетовите зраци (UV) – што доведува до развој на други дијабетични состојби на очите.
•
Дијабетесот, како хронична болест може да доведе и до состојба на дијабетична ретинопатија, која е една од сериозните причини за слепило. Шеќерната болест предизвикува оштетување на крвите садови во задниот сегмент на окото, па затоа гледате поматно и сѐ послабо. Промените може да напредуваат и без да забележите било какви проблеми со видот. Според тоа, офталмолмозите во „Систина Офталмологија“ препорачуваат редовни контроли на очната позадина кај пациентите со шеќерна болест, за да може порано да се почне со лекување и со намера да се
превенираат потешките последици по вашиот вид.
Знаеме дека одморите, патувањата, училишниот распуст, дружбите со пријатели и семејство – се фактори кои може да ја отфрлат вашата рутина и план за справување со дијабетесот. Затоа, следете ги овие насоки, почесто проверувајте го шеќерот во крвта за да бидете сигурни дека се движи во нормални граници и закажете го вашиот задолжителен очен преглед без оглед на тоа што летото ни носи.