Петта година по ред медитеранската исхрана е најдобрата програма за исхрана, според процените објавени од „Ју-ес њуз & Ворлд рипорт“.
На второто место се најде исхраната ДАШ, која е карактеристична по намалениот внес на сол, додека третото место ѝ припадна на флекситарната исхрана која најчесто вклучува вегетаријанска храна, но е доволно флексибилна за одвреме-навреме да се јаде хамбургер.
Сите три диети вклучуваат намалување или елиминирање на преработена храна и зголемување на внесот на овошје, зеленчук, цели зрна, житарици, јаткасти плодови и семки.
Што е медитеранската исхрана?
- Мислам дека е важно да се напомене дека сите три најпопуларни диети: медитеранската, ДАШ и флекситарната нудат разновидност, флексибилност и неколку правила - вели Гретел Шулер, извршен уредник за здравје во „Ворлд рипорт“.
- Сите диети што имаат добри резултати се безбедни, разумни и поддржани од науката. Овие диети, кои се прогласени за најдобри, обезбедуваат и соодветни калории со фокус на зеленчук, овошје и цели зрна, скромна количина на протеини со малку маснотии, млечни производи и повремени десерти - додаде таа.
Фото: Freepik
Панел од 27 експерти испитуваа 40 диети и ги рангираа во неколку категории: колку е лесно да се следи диетата, колкава е веројатноста личноста да изгуби тежина, како краткорочно така и долгорочно; колку е ефикасна диетата во превенцијата од кардиоваскуларни болести или дијабетес и хранлива комплетност на исхраната.
Зошто медитеранската исхрана е најдобра за заштита од сонце?
- Општо земено, врвните диети се водат од тоа што можете да јадете, а не од она што не можете да го јадете. И токму сега - во овие стресни времиња - тоа е особено корисно за луѓето - рече Шулер.
Таа нагласи дека сакаме храна во која ќе уживаме, а која ќе го одржува нашето здравје, а можеби и ќе ни го зајакне имунитетот и истакна дека најдобро рангираните диети го нудат тоа.
Медитеранската диета го освои првото место како најлесна диета за следење, најдобра за здрава исхрана, најдобра за дијабетес и најдобра диета базирана на овошје и зеленчук.
Многу истражувања покажаа дека медитеранската исхрана може да го намали ризикот од дијабетес, висок холестерол, деменција, губење на меморијата, депресија и рак на дојка. Оваа диета е поврзана и со поцврсти коски, поздраво срце и подолг живот.
Вегетаријанска или медитеранска исхрана - нема разлика, велат нутриционистите
Медитеранската исхрана вклучува едноставни оброци од растителна основа, при што најголемиот дел од секој оброк се базира на овошје, зеленчук, цели зрна, мешунки и семки, со ноти на јаткасти плодови и силен акцент на екстра девственото маслиново масло.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik