X
 12.06.2023 Здравје

Евтин лек за дијабетес го намалува ризикот од долг ковид-19

Евтин лек кој се користи за дијабетес го намалува ризикот за добивање долгорочни симптоми на ковид-19, односно долг ковид, за 40 отсто, покажува истражување спроведено во САД. Откритието може да биде важно во борбата против долгорочните симптоми на ковид-19 со кои се соочуваат околу 1 во 10 лица.

Според истражувачите, лекот наречен „метформин“, кој често се користи за третирање на дијабетес тип 2, може да ги намали шансите за задржување на симптомите на ковид-19. Во истражувањето учествувале 1.126 лица со прекумерна телесна тежина во САД.

По 10 месеци, само 35 од учесниците што го пиеле лекот за дијабетес добиле долг ковид-19, во споредба со 58 во групата што пиеле плацебо. Тоа претставува намалување на ризикот од заболување со долг ковид за 40 отсто.

Во тестирањето биле вклучени и пациенти заразени со сојот омикрон, кој поретко предизвикувал долг ковид-19 во споредба со претходните соеви.

Истражувачите посочиле дека не го тестирале лекот на лица што веќе имале долг ковид, па резултатите не значат дека лекот може да се користи за третирање на оваа состојба.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје