Лекарите можеби наскоро ќе имаат нов третман за дијабетес тип 2.
Ново
истражување покажува дека може да се користи специјален вид ултразвук наречен периферална фокусирана ултразвучна стимулација за намалување на нивото на шеќерот во крвта. Експерименталниот третман бил успешен кај три животински вида и притоа не барал дополнителни лекови.
Според Рејмунг Херцог, истражувач, има многу малку лекови што го намалуваат нивото на инсулин и затоа ова би бил добар алтернативен третман за пациентите. Во истражувањето учествувале научници од повеќе универзитети.
Останува третманот да биде тестиран на луѓе.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Pixabay