X
 31.07.2018 Образование

Колумна на Венко Андоновски: „Ваков проблем со името може да му се случи само на народ што не се почитува себеси“

Извадок од најновата колумна на Венко Андоновски за Нова Македонија

... Запустени селски дворови од мрзливост, зарасната пруга во грмушки, нечисти возови и автобуси, демолирани јавни тоалети, затнати одводи во случај на град и невреме, површно учење колку за шестка на факултетот, а сите одлични во средно, маргинализирани млади таленти, универзитетски професори со ѕидарска дневница, „професионални“ мајсторски поправки што „држат вода“ додека мајсторот не влегол во првото гранапче да си се чести пиво откако за замена на обичен вентил извадил професорска дневница… Зар за да ги исправиме тие нешта од нашиот менталитет ни е потребно НАТО? Потребен ли ни е кредит од Европската Унија за да купиме – мотика и метла? И сега кукање – „нè отепаа со името“. Па, ваков проблем со името може да му се случи само на народ што не се почитува себеси, зашто не го почитува трудот и не сака да се бори, зашто трудот е борба. Мрзливи сме, браќа...

Целата колумна на Венко прочитајте ја на ОВОЈ ЛИНК

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование